Откако Русија и Турција ги обновија односите, и Вашингтон треба да ја прекине новата студена војна со Москва, пишува „Форбс“.
„Конфликт меѓу Москва и Анкара поради граѓанската војна во Сирија би бил просто безумие. Таа борба би довела до вистинска катастрофа, доколку во неа би се нашле вмешани САД и НАТО. Сега треба да ги обноват работните односи Америка и Русија“, се вели во текстот.
Ако се успеа да се намали затегнатоста во односите меѓу Москва и Анкара по соборувањето на рускиот Су-24 на небото над Сирија, значи дека тоа е можно и за Москва и Вашингтон. Администрацијата на Обама треба да земе пример од Турција и да појде на отстапки, пишува „Форбс“.
Политиката на Русија спрема Грузија и Украина не ги загрозува САД. Овие држави во текот на долго време се наоѓаа под контрола на Москва и сѐ уште влегуваат во сферата на нејзините интереси. Што се однесува до Вашингтон, Грузија и Украина никогаш немале никаква врска со државната безбедност на САД, се вели во статијата.
Според мислењето на авторот на материјалот, САД во многу нешта сами ја провоцираат Русија. На пример, Москва не може да не ги смета таквите чекори како што се ширењето на НАТО кон руските граници и примањето на поранешните советски држави во свој состав поинаку освен како непријателски. Освен тоа, НАТО си дозволи да се вмеша во ситуацијата во Украина и помогна да се собори легитимниот претседател кој одржуваше топли односи со Москва.
„Можете да си ја замислите реакцијата на Вашингтон доколку Русија би се однесувала на истиот начин со Мексико“, истакнува авторот на статијата.
Според неговите зборови, однесувањето на Русија е потполно разбирливо. Очигледно е дека Москва не планира да ја нападне Европа, да не зборуваме пак за САД. Едноставно претседателот на Русија Владимир Путин сака спрема неговата земја и нејзината национална безбедност да се однесуваат со должната почит, пишува „Форбс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче