Парубиј: Украина победува во информациската војна против Русија

Украинскиот политичар истакна оти во прилог на фактот дека Украина предничи во информацискиот простор говори тоа што Европската Унија повторно донесе одлука за продолжување на антируските санкции.

Претседателот на Врховната рада Андреј Парубиј смета дека Украина ја победува Русија во информациската војна. Ова тој го изјави во интервју за „Апостроф“.

Одговарајќи на новинарско прашање, политичарот истакна дека во прилог на фактот дека Украина предничи во информацискиот простор говори тоа што Европската Унија повторно донесе одлука за продолжување на санкциите против Русија.

„Медиумите треба исто така да сфатат дека ако санкциите се продолжени, тогаш е тоа голема победа на украинската дипломатија против многу поголемите ресурси на руската дипломатија, која покажува дека е способна да ги убеди европските партнери од различни земји. Сметам дека Украина победува“, истакна тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња