Според дипломатот, Германија е склона еднострано да известува за политиката на Владимир Путин и воопшто не го зема предвид фактот дека мнозинството руски државјани го поддржуваат
Поранешниот државен секретар на германското министерство за надворешни работи и член на партијата на „Зелените“ Лудгер Фолмер напиша отворено писмо во кое ја критикуваше политиката на своите соборци од партијата кон Русија, пишува Frankfurter Rundschau.
Германскиот политичар своите колеги од партијата ги обвини дека го „демонизираат“ претседателот на Русија Владимир Путин, дека ги повторуваат паролите на НАТО и оти на тој начин ја заоструваат затегнатоста на односите помеѓу Берлин и Москва.
Според поранешниот државен секретар, денес нема причина за претпоставка дека Русија планира себеси да си ги присвои Полска и балтичките земји. А, погрешната процена на опасноста што ја дава Западот може да биде исто толку опасна како и вистинската опасност, заклучува Фолмер, а пренесува РИА Новости.
Односите помеѓу Москва и НАТО се влошија во март 2014 година во контекст на ситуацијата во Украина и на припојувањето на Крим кон Русија. Руските власти во повеќе пригоди истакнуваа дека Москва не е заинтересирана за конфронтација, но дека е подготвена адекватно да одговори на дејствијата на Западот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче