Турските хотелиери воодушевени од разговорот на Путин и Ердоган

Претставници на туристичката индустрија на Турција ја поздравуваат одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги укине ограничувањата за патување во земјата, како и надеж за брза обнова на секторот кој беше најсериозно погоден од влошувањето на односите меѓу двете земји.

„Направен е важен позитивен чекор во насока на нормализација на односите. Русија и Турција имаат долга традиција на тесни врски. Освен тоа, двете земји се влијателни фактори во регионот. Одржувањето топли, добрососедски контакти е важен елемент за одржување на мирот во регионот и во светот во целина“, изјави претседателот на Турската федерација на хотелиери Осман Ајик, пренесува „Взгљад“.

Ајик изрази надеж дека руските туристи во „догледна иднина“ ќе се вратат во турските одморалишта. Меѓутоа, според него, показатели како што имаше претходно не треба да се очекуваат во скоро време.

„Кризата што започна во односите меѓу нашите земји како резултат на трагичниот инцидент (соборувањето на рускиот Су-24 во Сирија – заб. на ред.) доведе до депресивна ситуација каква што не заслужува ни една страна“, додаде Али Кизилдаг, раководител на еден од турските хотели.

Претседателот на Европско-турскиот туристички совета Хусеин Баранер „изрази воодушевеност“ по повод перспективите за подобрување на односите меѓу Турција и Русија.

„Многу сум задоволен од овој чекор. На крајот на краиштата Русите не се само наши клиенти, не се само наши сигурни трговски партнери, туку у наши комшии со кои веќе долго време одржуваме блиски пријателски односи. Меѓутоа, во односите се мони подеми и падови, тоа е понекогаш неизбежно“, рече Баранер.

Тој нагласи дека во текот на кризата во односите меѓу двете земји ниту еден турски хотел не го симнал руското знаме.

Во средата претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Москва и Анкара решиле „да ги отворат вратите во сферата на туризмот“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња