„Гаспром“ изјави подготвеност брзо да го реактивира „Јужен тек“

„Гаспром“ може во најбрз временски рок да ги активира своите капацитети за проектот „Јужен тек“, изјавија од компанијата.

„Гаспром“ е подготвен при промена на политичката ситуација во најкраток рок да го реактивира проектот „Јужен тек“, изјави во средата на прес-конференција заменик-претседателот на управата на компанијата Андреј Круглов.

„Од руска страна се создадени капацитети за реализација на овој проект. Во моментов тие делумно се користат за обезбедување на снабдувањето со гас за потрошувачите од Краснодарскиот крај и југот на Русија. Останатите капацитети се ставени во резерва.

При промена на политичката ситуација, доколку се донесе одлука за обнова на проектот или „Турски тек“, или „Јужен тек“ во мошне краток временски период тие (капацитетите) можат да бидат употребени за реализација“, изјави Круглов, пренесува „Рамблер.ру“.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња