Русија започнува тестирања на нов автомат од системот „Калашников“

Калашников AK-12.

Калашников AK-12.

Сергеј Бобилев / ТАСС
Министерството за одбрана на РФ започнува воени испитувања на автомат АК-12. Како што вели за „Руска реч на македонски“ директорот за маркетинг на концернот „Калашников“ Владимир Дмитриев - военото министерство до крајот на годината ќе утврдии кој од двата автомати - АЕК-971 или АК-12, ќе биде дел од оружјето на војникот на иднината „Ратник“.

Министерството за одбрана на РФ започна воени испитувања на автомат АК-12, кој концернот „Калашников“ треба да го вклучи во опремата на војникот на иднината „Ратник“. До крајот на 2016 година ќе стане јасно со што ќе војуваат војниците на вооружените сили на РФ.

Каков автоматот ќе добие војникот на иднината на ВС на РФ

„Воените испитувања се последната етапа пред усвојувањето на новиот модел на вооружување. Автоматите ќе се пренесуваат од една воена единица во друга за потврдување на карактеристиките при различни услови на експлоатација. Конечната одлука за судбината на оружјето ќе може да биде донесена во октомври“, соопшти за „Руска реч на македонски“ маркетинг-директорот на концернот „Калашников“ Владимир Дмитриев.

Во конкурсот за избор на перспективен огнен комплекс за опремата „Ратник“ учествуваат два автомати: АК-12 на концерн „Калашников“ (фабриката се наоѓа во Ижевск, на 1.200 километри источно од Москва) и АЕК-971 на фабриката „Дегтјаров“ во градот Ковров (на 260 километри источно од Москва).

Главната разлика помеѓу ижевскиот и ковровскиот автомат, е механизмот на работа на ударната група. Во АК-12 постои класична ударна автоматизација, која повеќе од половина век служи точно во сите автомати на системот на Михаил Калашников.

Во АЕК-971 на спротивната страна од затворачот е поставен телескопски балансер со приближно иста маса. Според снимки затворачот и балансерот истовремено се удираат во задниот и предниот делови на автоматот и на тој начин ги гаснат импулсите кои дејствуваат врз рацете на стрелецот (фактички автоматите се тестираат само на повратната сила за спречување од полетувањето на куршум).

Благодарение на тоа првите три куршуми истрелани од АЕК-971, точно ја погодуваат „десетицата“, додека кај автоматите од семејството на АК само првиот куршум го погодува центарот на целта.

Кој е фаворит во „трката за вооружување“

Работата е дека до последен момент ковровскиот АЕК-971 се смета за фаворит, кој нема алтернатива. Но, новите детали од конструкцијата го направија ковровскиот вендинг потежок од АК-12. Ижевските конструктори го користеле како основа класичниот автомат „Калашников“, но ја намалиле повратната моќ. Телото на автоматот излегло пократко отколку кај АК-74, рачката е поместена малку напред, подобро е дистрибуирана масата на подвижните делови на затворачот.

Но, самото влијание од ударот на затворачот по цевната кутија (а потоа и при враќањето во првобитната положба) тука само се намалени, но не се отстранети.

Предноста на АК-12 е преработката на механизмот за стрелба кој овозможува полнење на автоматот со една рака, така што веќе не е потребно секој пат да се повлекува затворачот при промена на магацинот. Притоа и двата автомати се опремени со приклади на расклопување. На нив се монтирани т.н. јазичиња на Пикатини кои овозможуваат прицврстување кон цевката на голем број дополнителни уреди, вклучувајќи термовизиски системи за визирот.

Сигурноста при работата и на двата автомати била тестирана, на пример, при пукање на суво (без средства за подмачкување) на температура од +50 до -50, при пукање во текот на неколку деноноќија без чистење и подмачкување, при различни агли на наклон и при положба на свртување околу надолжната оска. И како постојано и јавно беше кажано, АЕК-971 покажал подобри резултати.

Последната чекор пред воведувањето на „Ратник“

Началникот на управата за обезбедување на државната одбрана со нарачки Михаил Осико вели дека освен автоматите, во опремата нема нерешени прашања. По изборот на оружјето комплексот „Ратник“ ќе биде примен на вооружување. Притоа Осико истакна дека при изборот на новиот вендинг Министерството за одбрана ќе се раководи и од цената - ќе биде купен производот кој е поевтин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња