Новинар на Си-Ен-Ен објасни зошто Путин е популарен во Русија

Претседателот на РФ Владимир Путин остави силен впечаток врз новинарот на Си-Ен-Ен Фарид Закарија, кој беше модератор на пленарната седница на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, со својата интелигенција, познавањето на англискиот јазик и разбирањето на историјата.

Фарид Закарија истакна дека Путин не зборува често за западните медиуми и дека поради тоа бил почестен со ретка можност да му постави низа прашања.

„За мене, пред сѐ, најинтересно беше времето поминато непосредно пред почетокот на пленарната седница, во гардеробата“, изјави Закарија. „Путин зборува англиски многу добро, без специфичен акцент. Сепак, се покажа, кога подоцна се осврнавме и на таа, дека тој всушност се срами да зборува англиски“.

„Му реков дека би требало да размисли за тоа, еднаш да даде интервју чиј барем еден дел би бил на англиски јазик. А тој ми одговори: „Не, не, јас многу слабо зборувам англиски“, што воопшто не е точно.

„Интересно е дека подоцна кога се опушти, дури и се пошегува на англиски“, рече Закарија. „Тој е многу паметен човек, многу добро е подготвен. Има специфичен поглед на историјата кој би се опишал како национална визија во чиј центар е Русија“.

„На крајот на краиштата, разбирливо е зошто тоа е толку популарен во Русија. Путин е сигурен во себе, многу е умен и зрачи со очигледна сила“, заклучува Закарија.

Деловите на пленарната седница на која покрај Путин зборуваа и претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев и италијанскиот премиер Матео Ренци, беа прикажани во неделата во специјалната емисија на Фарид Закарија на Си-Ен-Ен,  пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња