Претседателот на Русија Владимир Путин, говорејќи на пленарната седница на Петербуршиот меѓународен економски форум, се обрати до европските земји со апел за обнова на соработката со Руската Федерација. Шефот на руската државата, исто така, истакна дека Русија е подготвена да им излезе во пресрет на европските земји.
„Ние не лутиме, но тоа не може да биде игра пред еден гол“, додаде Путин.
Истовремено тој предупреди дека геополитичките тензии во светот, со чија појава е поврзана со економската несигурност, може да се зголемат, па дури и вештачки да бидат предизвикани: „Со економската несигурност, со исцрпувањето на старите извори на раст во извесна мера е поврзана и тековната геополитичка напрегнатост. Постои ризик дека таа може да се зголеми дури и вештачки да биде предизвикана“.
Говорејќи за состојбата во руската економија, претседателот рече дека земјата успеала да ги реши најгорливите проблеми во оваа област.
„Русија овие години измина долг пат, таа ја покажа својата способност да одговори на предизвиците на времето, и на некој начин и да го претекне, задржувајќи ги нашиот идентитет и духовните корени, што верувам дека е исклучително важно. Ние уверено гледаме напред ја поврзуваме нашата иднина, својот успех со отвореноста кон светот, со широката соработка во интерес на развојот. Убеден сум, почитувани колеги, пријатели, дами и господа, дека и вие го делите овој пристап. Ние, несомнено, многу го цениме тоа и ве покануваме да работиме заедно“, изјави Путин.
Претседателот на РФ исто така најави создавање на претседателски Совет за стратешки развој на земјата. Тој ќе се занимава со реализација на клучните проекти насочени кон структурни промени како во економијата, така и во социјалната сфера.
„Тоа се зголемувањето на стапката на раст, вклучувајќи ги и оние проекти, за што веќе зборував денеска. Тоа се зголемувањето на продуктивноста, бизнис климата, помошта за малиот и среден бизнис, поддршката на извозот и низа други“, објасни Путин, пренесува РТ.
Настапот на Путин можете да го гледате овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче