Медиум: Лондон ја виде „раката на Кремљ“ меѓу руските навивачи во Франција

Британските власти се сомневаат дека во нередите на Европското првенство во фудбал во Франција учествувале руски специјалци и во сѐ гледаат продолжена рака на руската „хибридна војна“, пишуваат британските медиуми.

Како што тврди британски „Гардијан“, наводно според достапни податоци, во „бруталните и добро координирани напади“ врз британските и други навивачи во Марсеј и Лил биле вклучени голем број припадници на руските „безбедносни структури“, пренесуваат денес руските медиуми.

Високопоставени претставници на владата на Велика Британија стравуваат дека нередите на руските хулигани на Европското првенство се одобрени од страна на Кремљ и ја откриваат нивната врска со режимот на Владимир Путин, пишува весникот.

Експерти во британската влада се сомневаат дека станува збор за тактика чија цел е демонстрација на „руската сила“, истовремено создавајќи во Русија мит дека целиот свет се здружил против неа.

Во Лондон кружи теорија која вели дека во нередите на Европското првенство во фудбал што се одржува во Франција се гледа продолжение на она што е веќе дефинирано, како што велат, како руска „хибридна војна“, пишува „Гардијан“.

Како што за весникот изјави извор во британската влада, „многу е тешко да се докаже дека постои одобрение од Кремљ, но ние можевме да видиме дека некои од нив се дел од безбедносните структури на Русија“. Исто така, весникот ја истакнува координираноста на акциите на руските навивачи, присуството на капи, ракавици за борба и бандани. Во статија исто така се споменува и фотографија од 2010 година на која се Владимир Путин и првиот човек на Серуското здружение на навивачи Александар Шпригин, кој е протеран од Франција поради „потенцијална закана“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња