Во сирискиот град Алепо во четвртокот, 16 јуни, е воведен прекин на огнот, соопшти рускиот Центар за помирување на спротивставените страни во Сирија.
„На иницијатива на руската страна со цел намалување на степенот на вооружено насилство и стабилизација на ситуацијата од 00:01 на 16 јуни 2016 года е воведен 48-часовен „режим на тишина“ во градот Алепо“, се вели во документот.
Во соопштението исто така се соопштува дека според состојбата од 15 јуни групи борци од редовите на терористичката организаија „Џебхат ан-Нусра“ не престануваат со обидите да го нарушат режимот на прекин на огнот, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче