Државниот секретар на САД Џон Кери ја предупреди Русија дека трпението на САД во однос на сирискиот конфликт и претседателот Башар Асад е при крај, пренесува британски „Дејли Меил“.
„Русија треба да сфати дека нашето трпение не е бесконечно, всушност тоа е многу ограничено во зависност од тоа дали Асад ќе биде повикан на одговорност“, ги цитира агенцијата зборовите на Кери.
„Ние исто така сме подготвени да повикаме на одговорност и членови на опозицијата“, изјави Кери на средбата во Норвешка со неговиот ирански колега Мохамад Џавад Зариф.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.