Русија за прв пат се најде на листата на 30 највлијателни земји во светот по употреба на „мека сила“ (soft power). Лондонската ПР агенција „Портланд“ го објави својот годишен рејтинг The Soft Power 30 во кој Русија е рангирана на 27 место. Русија за прв пат се најде на оваа листа, како и Унгарија и Аргентина.
Авторите на извештајот истакнуваат дека „за западните набљудувачи позицијата на РФ веројатно претставува вистинско изненадување“, особено ако се земе во предвид војната со санкции помеѓу Русија и ЕУ во контекст на украинската криза. Сепак, своја улога одиграа „големите резерви“ на „мека сила“ во сферата на културата“ со кои располага Русија. „Русија е дом на Ермитаж, Бољшој театар со неговиот балет, Чехов, Достоевски, Малевич, Чајковски и Булгаков. Покрај тоа, погледот на Русија се разликува во различни земји. Глобалниот индекс Soft Power 30 не одразува исклучително евроцентрична гледна точка“, истакнуваат авторите на извештајот. Тие, исто така, признаваат дека „позитивен ефект имаше“ обидот на Москва да биде лидер во борбата против терористите на ИД во Сирија, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета“.
Првото место на рејтингот го заземаат САД, кои на второто место ја поместија Велика Британија. Трета е Германија, четвртото и петтото место се за Канада и Франција. По нив следа Австралија, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Холандија, Италија, Шпанија, Данска, Финска и Норвешка.
Конечниот индекс на „Портланд“ се формира врз основа на објективни (70%) и субјективни (30%) показатели. Меѓу објективните се културата, технологијата, јавната администрација и образованието. Субјективните показатели се добиени од истражувањата на јавното мислење за различни аспекти, од националната кујна на земјата во нејзината гостопримливост и дружељубивост.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче