Елена Глишчинскаја долго време беше во затвор во градот Одеса, пренесува „Взгљад“.
Претходно украинските медиуми соопштија дека Украинците Јуриј Солошенко и Генадиј Афанасјев, чија размена ја одобри украинскиот претседател Петро Порошенко, се разменети за новинарите од Одеса Виталиј Диденко и Елена Глишчинскаја.
Виталиј Диденко е главен уредник на сајтот „Инфоцентар“. Судот во Украина го осуди на три години затвор, а случајот се наоѓа на апелација, наведуваат медиумите.
Директорката на ТВ компанијата „Нов бран“ Елена Глишчинскаја (Романов) беше уапсена од страна на Службата за безбедност на Украина во април минатата година. Пред месец и половина таа се породи во затвор. Покрај бебето, таа има уште две малолетни деца.
Пред размената министерот за правда на Украина Павел Петренко изјави дека документите за враќање на затворениците во Русија заради тероризам и шпионажа - Украинците Јуриј Солошенко и Генадиј Афанасјев ѝ се предадени на руската страна.
Афанасјев беше уапсен од страна на ФСБ Русија во Симферопол, во случајот „Кримски терористи“ во мај 2014 година и беше осуден на седум години затвор. Уште едно лице вмешано во овој случај, режисерот Олег Сенцов, во Русија беше осуден на 20 години затвор под обвинение за организирање на терористички напади на Крим. Десет години затвор доби неговиот наводен соучесник Александар Кољченко.
Случај на Соошенко е означен како „доверлив“. Како што беше објавено, тој сакал да внесе во Украина дел од некакво руско оружје. Тој беше уапсен во Москва при средба со „бизнис партнер“. Московскиот градски суд го осуди 73-годишниот Солошенко на шест години затвор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче