Заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација Генадиј Гатилов, зборувајќи за изборите за нов генерален секретар на ООН, изјави дека руската страна смета дека е фер оваа должност да ја извршува жена.
„Треба да се истакне дека во последно време сѐ повеќе од страна на некои држави се слушаат повици функцијата генерален секретар да ја зазеде жена“, рече тој во интервју за РИА Новости.
„Сметаме дека тоа е сосема фер“, додаде тој.
Според Гатилов, таквиот концепт има право да постои, но РФ поаѓа од фактот дека главните критериуми при изборот треба да бидат „професионализмот на идниот прв човек на светската организација, политичката тежина, визијата за развој на организацијата и цела низа други прашања“.
„Јас не би го ставал вештачки во прв план критериумот за родов пристап“, заклучи високопоставениот дипломат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче