„Им го честитам на сите граѓани на нашата земја Денот на Русија“; изјави Путин, пренесува „Взгљад”. „Овој празник е посветен на најважните вредности како што се Татковината, патриотизмот и единството на народот, тој ги покажува нашите топли и искрени чувства кон Русија и нашата одговорност за нејзината сегашност и иднина“.
Шефот на руската држава истакна дека Денот на Русија го симболизира „целиот повеќевековен пат на нашата земја, заедничката судбина на нејзиниот мултиетнички народ кој на денешните генерации им остави големо наследство: традициите на живеење во мир и хармонија, светиот однос спрема Татковината, работните и воени успеси“.
Претседателот им се заблагодари на лауреатите на наградите за искрената и посветена служба на Татковината и народот. Путин истакна дека за сите носители на наградите е заедничко тоа што се навистина „опседнати“ со својата работа и ѝ се предани до крај. „Вие не само што сте го почувствувале вашиот талент, неговата висина, туку сте успеале да го достигнете неговиот врв“, изјави Путин. „Таков креативен успех постигнуваат луѓе кои се извонредни, силни, великодушни и храбри, кои имаат внатрешна слобода и изострено ја гледаат реалноста, за кои работата и професијата се смислата на целиот животот“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче