Медведев со честитки по повод Денот на Русија

Премиерот на Руската Федерација Дмитриј Медведев им го честиташе на руските граѓани Денот на Русија.

Премиерот на Руската Федерација Дмитриј Медведев им го честиташе на руските граѓани Денот на Русија, пренесува РИА „Новости“.

Својата честитка рускиот премиер ја објави на страницата на социјалната мрежа „Инстаграм“. „Честит Ден на Русија!“, напиша тој под фотографијата на која има мечка која трча во вода.

Денот на Русија е еден од најмладите државни празници во Руската Федерација. На 12 јуни 1990 година првиот Конгрес на народните пратеници на РСФСР ја усвои Декларацијата за државниот суверенитет на Русија, во која беше прогласено првенството на Уставот на Русија и нејзините закони.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња