Како што соопштува „Вашингтон Пост“, Командата за специјални операции на армијата на САД распиша оглас за производство на „нестандардни типови на оружје и муниција“ (оружје кое го користат странските партнер).
Американците особено се заинтересирани за автоматската пушка „Калашников“, снајперската пушка „Драгунов“ (СВД), како и за митралезите со голем калибар.
Целта на производство на аналог на руското лесно оружје меѓу другото е и испраќањето во странство. Изданието покажува дека во моментов авганистанските и ирачките сили, како и сириските бунтовници добиваат од САД американско оружје, и Вашингтон се плаши дека тоа може да падне во рацете на непријателот.
Освен тоа, Авганистанците, Ирачаните и Сиријците полесно ракуваат со руското лесно оружје затоа што имаат искуство од неговата примена.
Истовремено изданието истакнува дека купувањето „Калашникови“ во странство сепак ќе биде поевтино отколку да се произведува во САД. Дотолку повеќе што ова оружје се произведува во рази земји во светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче