Руска вакцина против Ебола

Ројтерс
Овој месец руските власти најавија вакцина против Еболата, болест која уби илјадници луѓе во Западна Африка. Тие не влегоа во детали околу тоа како делува и како успеале по 2 години истражувања да дојдат до уникатен лек кој нема свој еквивалент во светот. Според извори на „Руска реч на македонски“, новиот лек може да се користи во борбата против биолошкото оружје.

Монотоната и незабележлива зграда на научно-истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија „Н.Ф. Гамалеја“ се наоѓа во еден од оддалечените делови на Москва. Имено на ова место е разработена вакцината, која на почетокот на јануари триумфално ја најави претседателот на Русија.

Во Русија нема епидемија на Ебола. Зошто на земјата ѝ е потребна вакцина за која нема да има побарувачка на внатрешниот пазар? Како биолозите успеале да дојдат до високоефикасен лек за само година и пол? Тоа е мошне краток рок за фармацевтската индустрија. Имало ли клинички испитувања?

На овие прашање досега нема одговори. Вирусолозите кои се занимаваат со раработката, за „Руска реч на македонски“ велат дека успеале сета работа да ја завршат благодарение на воените и на советските истражувања. Но, желбата за нејзино создавање тие ја нарекоа „чудна и необјаснива“.

Оружје против терористите?

Во СССР вирусот на Ебола, како и на други егзотични заболувања биле проучувани од страна на микробилозите во воениот град Загорск-6 и во граѓанскиот центар „Вектор“ на Сибир. Уште кон крајот на шеесетите години од минатиот век врз нивната база во СССР било создадено биолошко оружје. Истражувањата на воените лица биле искористени во вакцината промовирана овој месец.

Професорот на Далекуисточниот федералем универзитет Михаил Шчелканов бил во првата група специјалисти кои беа испратени во Гвинеја во 2014 година за основање на микробиолошки центар. Според него, главната причина за „нарачката“ на вакцината е геополитичка.

„Во непосредна близина на епицентарот на епидемијата се наоѓа Нигерија со висока густина на населението. На територијата на земјата дејствува терористичката организација „Боко харам“. Всушност, ова е западноафриканска провинција на познатата Исламска држава. Доколку биолошкото оружје врз основа на вирусот на Ебола падне во рацете на религиозните фанатици, последиците за целиот свет можат да бидат сериозни“, вели за „Руска реч на македонски“ Шчелканов.

Уште една тајна вакцина

Како што дознава „Руска реч на македонски“, освен вакцината разработена во Инситутот „Гамалеја“, постои уште една друга вакцина. Таа е разработена од страна на новосибирскиот Центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“.

На прашањето на „Руска реч на македонски“ за процесот на истражување во „Вектор“ портпаролот на Роспотребнадзор Ана Попова рече дека информацијата е тајна. Сепак, таа потврди дека вакцината е навистина создадена и дека се наоѓа на стадиум на клинички испитувања. Извор кој сакаше да остане анонимен изјави дека вакцината е ефикасна, забележувајќи дека таа е создадена според поинаква технологија и малку временски доцни од разработката на научно-истражувачкиот инситут „Гамалеја“.

„Во основата на вакцината на научно-истражувачкиот институт Гамалеја се наоѓаат не само долгогодишните советски, меѓу кои и воени, истражувања, ами и материјали собрани во последниве година и пол во Гвинеја“, изјави Шчелканов за „Руска реч на македонски“.

Како функционира вакцината?

„Вакцината е создадене на руската добро поставената технологија на вирусни вектори, - вели за 'Руска реч на македонски' Денис Логунов кој е еден од разработувачите. – Понекогаш ја нарекуваат 'роза без боцки'. Таа функционира така што за да се стимулира имунитетот за Ебола или за друг опасен вирус, неговиот антиген се заживува во неопасен вирус, кој потоа се внесува во човековото тело.

Освен основната вакцина, научниците исто така имаат создадени и нејзина верзија за ХИВ-позитивните лица.

Вирусологот Сергеј Нетесов кој кон средината на деведесеттите години од минатиот век ја тестираше вакцината против хепатит А, смета дека оскудните информации даваат на знаење дека во моментов вакцината ја има поминато само првата фаза на тестирањето од неопходните три.

Но, клиничките испитувања се веќе поминати, велат за „Руска реч на македонски“ од научно-истражувачкиот институт „Гамалеја“. „Имаше 92 доброволцизаедно со дублерите“, вели вирусологот Јана Симакова, која е одговорна за испитувањата. За „Руска реч на македонски“ таа вели дека во лабораториски услови вакцината покажала 100% ефикасност. Според Симакова препаратот имал помали несакани ефекти, за разлика од странските аналози. Податоците кои ја потврдуваат оваа информација треба да бидат објавени во научни публикации во блиска иднина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња