На руските корисници на мобилни уреди ќе им бидат понудени три модели на паметни телефони со домашен оперативен систем, пишува „Комерсант“.
Креатор на Sailfish Mobile OS RUS е компанијата „Отворена мобилна платформа“.
До крајот на годината врз база на оперативниот систем на рускиот пазар ќе излезат уреди од Oysters и Jolla. Со низа технолошки новитети ќе се појави и смартфонот „Ермак ОМП“, наменет за државниот сектор и корпоративните корисници.
Дизајнерите на Sailfish Mobile OS RUS веќе поднесоа барање за вклучување на новитетите во регистарот на руски софтвер, потврдуваат податоците на Министерството за врски и масовна комуникација на Руската Федерација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче