Три руски воени бродови пловеле во пограничната зона во близина на спорните острови Сенкаку, соопшти на 9 јуни Министерството за надворешни работи на Јапонија.
Руската бродови биле забележани во исто време кога еден кинески брод навлегол во зоната, објави новинската агенција „Кјодо“.
„Им укажавме на руските власти да обрнат внимание на ова прашање преку дипломатски канали“, изјави портпаролот на јапонската влада Ацехиде Суга, пренесува РИА „Новости“.
Островите Сенкаку, под контрола на Јапонија, се дел од спорот со Кина и Тајван.
Кина купи голем дел од островите кои ги Диаоју од јапонско приватно лице и ги стави под контрола на државата во 2012 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче