Шарапова дисквалификувана

Руската тенисерка Марија Шарапова, обвинета за употреба на допинг-средството мелдониум, е суспендирана на две години и нема да може да учествува на Олимписките игри, соопшти Меѓународната тениска федерација (ITF).

Одлуката на ITF може да биде обжалена во Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана, пишува „Взгљад“.

Шарапова ја коментираше суспензијата од две години. Во коментарите на својата страница на „Фејсбук“ таа потенцира дека судот ја потврдил ненамерната употреба на допинг од страна на тенисерката и го отфрли барањето на Меѓународната тениска федерација за суспензија од четири години. Истовремено Шарапова изјави дека не може да се согласи со одлуката на судот за двогодишна суспензија, нарекувајќи ја непотребно жестока. Русинката изјави дека веднаш ќе поднесе жалба на одлуката до Судот за спортска арбитража во Лозана.

Таа им се заблагодари на навивачите за поддршката и вети дека ќе стори сé за да се врати на тенискиот терен што е можно поскоро.

Претходно претседателот на Руската тениска федерација Шамил  Тарпишчев изјави дека Шарапова, суспендирана поради користење мелдониум, ќе биде вклучена во пријавата за учество на Олимписките игри 2016, сепак, додаде дека во случај на нејзина дисквалификација таа ќе биде заменета.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња