„Се разбира, ова го гледаме во општ контекст (маневрите на НАТО и претстојниот самит на Алијансата во Варшава), и не е случајно што околу овие маневри е направена таква пропагандистичка врева, дадени се огромен број разни изјави од кои некои едноставно се шокантни“, изјави рускиот дипломат во живо во програмата на телевизијата „Русија 24“.
Помеѓу другото, според зборовите на Грушко, генералниот секретар на НАТО неодамна ја посети Полска и во текот на таа посета полската страна даваше изјави за тоа дека „Русија сега знае дека напад врз Полска е напад врзНАТО“, што е апсолутен апсурд, затоа што тие разгледуваат непостојни проблеми.
„Нема планови за никаков напад на Полска. Како и да е, сето тоа живее во својата надреалистичка реалност, а најопасно е тоа што таа политика сега почнува да се отелотворува во воените планови и воените подготовки кои се реализираат на териториите по должината на нашите граници“, потенцираше Грушко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче