Во извештајот насловен „Дали е време Западот да се разбуди и да го почувствува мирисот на вотката“, објавен на веб-страницата на вооружените сили на Велика Британија, се вели дека трите балтички земји - Естонија, Латвија и Литванија - заедно испратиле барање до НАТО за зајакнување на одбранбената способност на нивната територија. Содржината на извештајот го пренесува изданието IHS Janes.
Како што се очекува, барањето на балтичките земји ќе биде разгледано во текот на самитот на НАТО во Варшава на 8-9 јули.
Според информациите на изданието, во истражувањето за „реагирањето на препородената Русија“ учествувале командантот на копнените сили на Велика Британија сер Ник Картер, како и над десетина други високо офицери на британската армија.
Во извештајот се вели дека НАТО „треба да изработи мерки на одговор покрај формирањето на силите за брза реакција во балтичките земји и одржувањето редовни воени вежби по должината на источната граница на Алијансата“. Се тврди дека таквата неопходност се појавила како резултат на присоединувањето на Крим кон Русија и во врска со ситуацијата на југоистокот на Украина.
„Решавачки фактот последниве неколку години не беше силата на „хибридната војна“ или воената надмоќ на Русија, тку отсуството на западни воени сили на места, особено, отсуството на неопходноста од нивна евентуална примена“, се вели во извештајот. „Москва може да биде запрена на самиот почеток“, го цитира текстот на извештајот изданието.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче