Лавров: Соодветно ќе одговориме на проширувањето на НАТО

Москва има суверено право да одговори соодветно на активностите за проширувањето на НАТО и вовлекување други земји во активностите на Алијансата, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Ја потврдивме нашата позиција (на министрите за надворешни работи на Русија и Финска, Сергеј Лавров и Тимо Соини),  дека секоја страна е суверена да ја бира политиката на осигурување на безбедноста која ја смета за потребна. Притоа, ние не криеме дека кај нас политиката на НАТО за проширување на воената инфраструктура во близина на нашите држави предизвикува негативни ставови. И тука ќе стапи на сила руското суверено право да се обезбеди својата безбедност со методи кои се соодветни за ризиците на денешницата. Сигурен сум дека нашите фински пријатели и соседи исто така го разбираат ова“, изјави рускиот министер за надворешни работи на крајот на разговорите со својот фински колега Соини.

Лавров изјави дека за Балтичкиот регион не постои закана што ја оправдува неговата милитаризација.

„Ние им посветивме значајно внимание на прашањата на безбедноста во регионот на Балтичкото Море. Убедени сме дека во овој дел од светот не постојат закани кои би ја оправдале неговата милитаризација“, изјави рускиот министер.

„Оваа активност, овие воени вежби се одржуваат од 1993 година, што не е нов концепт по себе. Се разбира, единствената цел на овие воени вежби е да се зајакнат нашата безбедност и нашите можности, но во секој случај тие не се насочени против никого посебно во регионот“, изјави Тимо Соини на прес-конференцијата на крајот од разговорите со рускиот министер за надворешни работи, пренесува ТАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња