Ткачов: Русија до 2020 година сама ќе ги покрие своите потреби од овошје

Русија планира до 2020 година да постигне практично 100% домашно производство на зеленчук, овошје, млеко и месо за сопствени потреби, изјави министерот за земјоделство на Русија Александар Ткачов.

Русија планира до 2020 година да обезбеди за себе доволно овошје од домашно производство, задржувајќи го само увозот на цитрусно и тропско овошје, изјави министерот за земјоделство на Русија Александар Ткачов, пренесува „Газета.ру“.

„Имаме амбициозни планови и сакаме до 2020 година да постигнеме практично 100% домашно производство на овошје за наши потреби, како и на млеко, месо и зеленчук. Ќе го задржиме само увозот на цитрусното и тропското овошје кое не расте на територијата на нашата земја“, изјави министерот.

Ткачов истакна дека последниве години Русија успеала со помош на државната поддршка на аграрниот сектор да постигне значителен пораст на земјоделското производство и да го задржи приливот на инвестиции во оваа стопанска гранка.

„Минатата година обемот на производство на земјоделски производи во Русија првпат надмина 76 милијарди долари, што е за 17% повеќе од претходната година”, истакна министерот. Ткачов додаде дека во 2015 година обемот на извезени земјоделски производи надмина 16 милијарди долари, што е за пет пати повеќе од пред 10 години.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња