Медиум: Русија гради дванаесет моќни бродови

Разурнувачите од класата „Лидер“ ќе можат да носат најмалку 200 ракети и ќе бидат втори по големина современи површински бродови.

Дванаесетте нови разурнувачи „Лидер“, кои ќе ги гради руската Обединета бродоградежна корпорација, ќе бидат едни од најмоќните воени бродови на светот кои ќе ја надминуваат според техничките карактеристики американската флота, пишува американското издание на „Национален Интерес“.

„Новиот боен брод, ќе биде класифициран како разурнувач и ќе има тежина од околу 17,5 илјади тони, должина 200 и ширина 20 метри, односно ќе биде помасивен од повеќето тешки крстосувачи од времето на Втората светска војна. Разурнувачите од класата „Лидер“ ќе можат да носат најмалку 200 ракети и ќе бидат втори по големина современи површински бродови. Пред нив се само тешките ракетни крстосувачи од проектот 1144 Орлан“, пишува изданието.

Новиот разурнувач ќе биде опремен со средства за противвоздушна, противракетна и противбродска одбрана. Највероватно ќе може да гаѓа и копнени цели, помеѓу другото, и со крстосувачки ракети „Калибр-НК“. „Иако за разурнувачите од класата „Лидер“ се знае малку, може да се каже дека бродовите ќе бидат опремени со 60 противбродски крстосувачки ракети, 128 наведувани ракети и 16 противбродски наведувани ракети“, се истакнува во статијата.

Најверојатно „бродот ќе биде на атомски погон“ и ќе може да развива брзина од 30 јазли. Притоа ќе може да биде на море без поддршка 90 дена.

„Овие најнови разурнувачи по моќ ќе ги надминат најголемите бојни бродови на Воената морнарица на САД. Згора на тоа, атомскиот погон ќе им овозможи на овие големи бојни бродови да извршуваат операции ширум светот, без да имаат потреба од надополнување на гориво и пристаниште. Тоа ќе ѝ овозможи на Москва да добие ефикасен инструмент за проектирање сила, според силата  блиску до ударна група“, резимира изданието.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња