„Кина е клучниот трговско-економски партнер. На агендата, како што знаете, е реализацијата на задачите доделени од лидерите на двете држави - билатералната трговија до 2020 година да се доведе до 200 милијарди американски долари“, изјави тој, говорејќи на конференцијата „Русија и Кина: до нов квалитет на билатералните односи“.
Според Лавров, оваа цел може да изгледа превисока. „Но, јас сум убеден дека, и покрај сите конјуктурни и субјективни проблеми кои се јавуваат, оваа цел е сѐ уште на агендата и е потполно достижна“, истакна Лавров.
Тој наведе дека Москва смета на продлабочување на соработката меѓу банкарските институции на Русија и Кина.
„Зацврстувачка улога во руско-кинеското партнерство игра соработката во енергетиката во сите нејзини димензии Ние континуирано се движиме во насока на формирање на стратешка енергетска алијанса чија намена е да придонесе за зајакнување на енергетската безбедност во целина“ -рече шефот на Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.