Руските пешадиски борбени возила ќе добијат артилериски модул „Бајкал”

„Бајкал” може да реализира до 120 истрели во минута на максимално растојание од 12 километри.

Корпорацијата „Уралвагонзавод” и Научноистраживачкиот институт „Буревестник” планираат  на борбените возила за пешадија БМП-3 да вградат нов автоматизиран артилериски модул на далечинско управување со калибар 57 милиметри АУ-220М „Бајкал”, пишува весникот „Известија“.

Овој комплекс значително ќе ги зголеми можностите на борбените возила, затоа што во моментов во светот не постојат оклопни транспортери ни оклопни возила за пешадија кои се отпорни на куршумите од „Бајкал”, истакнува весникот.

Мултифункционалниот систем е подеднакво ефикасен и против копнени цели, и против средства за воздушен напад.

„Бајкал” може да реализира до 120 истрели во минута на максимално растојание од 12 километри. Борбениот комплет се состои од противоклопна, распрскувачка и наведувана муниција.

Борбеното пешадиско возило БМП-3 влезе во состав на Советската Армија во 1987 година, по што беше неколку пати модернизирано.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња