Изминативе денови на подрачјето на руско-украинската граница на северот на Крим е регистрирано концентрирање на воени формации и засилување на оклопната групација. На територијата на Херсонската област недалеку од Армјанск и Чонгарскиот теснец се појавија заштитени огнени позиции.
Според зборовите на неименуваниот извор, до засилување на украинската оклопна групација дошло во текот на последниве неколку денови.
Забележани се вкопани тенкови, зголемен е бројот на транспортери, се воспоставува огнена линија за поддршка, рече изворот.
Претходно во средата претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека планира да ги врати Крим и Донбас во состав на Украина, како што ја врати припадничката на украинските вооружени сили Надежда Савченко.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, коментирајќи ги изјавите на Порошенко нагласи дека Кремљ не ги коментира претензиите врз руските региони, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче