Пушков: Савченко сега е проблем на Порошенко

Шефот на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума Алексеј Пушков ја нарече Украинката Надежда Савченко, помилувана од страна на шефот на руската држава „мина со неконтролирано дејство“ која сега стана проблем на претседателот на Украина Петро Порошенко.

„Политички Савченко сега веќе не е проблем на Русија, ами проблем на Порошенко. Тој отсега ќе мора да внимава на оваа мина со неконтролирано дејство“, напиша Пушков на „Твитер“.

„Саманта Пауер, која се нервираше за 708 дена на Савченко во затвор, би ја потсетил за затворениците во Гвантанамо кои седат без суд и истрага. Лажен борец за човекови права“, додаде тој.

Во средата постојаниот претставник на САД во ООН Саманта Пауер изјави, коментирајќи го враќањето на Савченко во Украина, дека САД ќе продолжат да вршат притисок врз Русија, пишува „Взгљад“.

„Поздравувајќи го „крајот на ноќната мора“ за Савченко и нејзиното соединување со семејството, постојаниот претставник изјави дека „Олег Сенцов и Александар Кољченко сѐ уште неправедно се држат во Русија“.

„САД ќе продолжат да вршат притисок врз Русија ќе продолжат за почитување на обврските од „Минската спогодба“, што вклучува враќање на незаконски притворените лица, како и повлекување на руските сили од Украина и престанок на руската окупација на Крим“, се вели во изјавата на Пауер.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња