Тихоокеанската флота и во иднина ќе игра огромна улога во безбедноста на морските и океанските правци, изјави во саботата командантот на Воената морнарица на Русија адмирал Владимир Королев, соопшти Управата за прес-служба и информација за ВМФ на Министерството за одбрана на РФ.
„Во 2016 година во местото на постојано базирање ќе пристигне нуклеарната подморница „Владимир Мономах“ од проектот „Бореј“. Веќе е донесена одлука за изградба за ТОФ на серија од шест дизел-електрични подморници од Проектот 636.3. За надводните сили во најблиска иднина ќе биде изградена серија бродови од последна генерација. Се работи за шест корвети“, изјави Королев, честитајќи им го на морнарите Денот на формирањето на Тихоокеанската флота.
Командантот на ВМФ РФ исто така истакна дека ТОФ и понатаму ќе игра огромна улога во обезбедувањето на безбедноста на морските океанските правци. На пример, во моментов на море празникот го одбележуваат околу 20 бојни бродови на флотата, пренесува „Интерфакс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче