ФСБ спречило терористички напади според „париско“ сценарио

Специјалните служби на Русија и Казахстан спречија терористички напади на територијата на Русија, соопшти во Минск директорот на ФСБ Русија Александар Бортников.

Специјалните служби на Русија и Казахстан спречија терористички напади на територијата на Русија, соопшти во Минск директорот на ФСБ Русија Александар Бортников, пренесува РИА „Новости“.

Тој прецизираше дека во февруари припадниците на ФСБ Русија и на Комитетот за национална безбедност на Казахстан пресекле активности на криминална група која планирала да изврши терористички напади според „париското“ сценарио во поголемите градови во Русија.

Според зборовите на Бортников, по нападите терористите имале намера да заминат за Сирија и да стапат во редовите на „Исламската држава“.

Директорот на ФСБ исто така соопшти дека заедно со белоруското КГБ успеале да откријат во Белорусија руски државјанин кој се наоѓал на меѓународна потерница поради учество во тероризам и кој учествувал во борбените дејства во Сирија и имал намера да се скрие во една од европските земји.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња