Генералот не знаел дека вратата на автомобилот „УАЗ-Патриот“ се автоматски блокирани и дека претходно треба да се запали моторот, пренесува Life.ru.
Смешната ситуација се случи кога претседателот на РФ Владимир Путин ја разгледуваше во Сочи новата техника за Вооружените сили на Русија. Генералот Шевченко побрза да ја отвори вратата на автомобилот и ја откорна рачката.
„Алал вера!“, прокоментира Путин со насмевка.
Подоцна генералот се пошегува во врска со настанот.
„Во вооружените сили на Русија сите генерали полагаат тест по физичка подготвеност. Доволно физичка сила овозможува да се исполнат сите нормативи“, изјави Шевченко, пренесува „Лента.ру“.
Видеото од настанот можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче