Во Ижевск почна сериското производство на „Лада Веста“, а продажбата ќе стартува на 25 ноември. Во новиот автомобил се возеше коментаторот на радиото „Вести ФМ” Павел Анисимов.
„Штотуку се возев во новата „Лада Веста“. Автомобилот остава добар впечаток. Притоа возев автомобил со средно ниво на опрема, кој нема најмоќен мотор. Ние се возевме во автомобил со руски мотор (најпрвин ќе се произведуваат автомобили со различни мотори – од „Рено“ и од погонот во Тољати). Мошне подвижен автомобил, барем за градски услови. Тоа е навистина чекор напред“, изјави Анисимов.
Претседателот на „АвтоВАЗ” Бо Андерсон зборуваше за тоа дека е време да се напредува, дека е време за излегување не само на рускиот, туку и на европскиот пазар и дека целите кои денес ги поставува „АвтоВАЗ“ се освојување на дел од пазарите во Москва, Санкт Петербург и потоа во Европа, пренесува „Вести ФМ”.
„Мислам дека автомобилот едноставно успеа. Да додадам дека тоа е сосем нова платформа која е развиена од нула за малку повеќе од година дена. Овие рокови ги изненадуваат сите кои го видоа автомобилот. Тоа е многу убаво возило со простран гепек“, пишува коментаторот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче