РуБалтик: Зошто Русија победи на „Евровизија”

Аналитичар во статијата за порталот „РуБалтик” смета дека Русија на „Евровизија“ однела убедлива политичка победа.

„Победата на Украина беше обезбедена со политичко гласање: решавачки придонес за нејзината победа дадоа гласовите на тнр. професионални жирија, т.е. гласовите на државните телевизиски канали кои го пренесуваа натпреварувањето во европските земји. Многу од нив ѝ дадоа максимален број поени на Украина, а ниту еден бод на Русија. Во суштина тоа се земјите со карактеристична надворешна политика: Полска, Литванија, Естонија, Шведска, Грузија”, пишува аналитичар за порталот „РуБалтик”.

Тој, сепак, смета дека политичката победа на Русија на ова натпреварување е исто толку убедлива како и победата на Украина и за тоа наведува неколку аргументи.

Прво, рускиот претставник Сергеј Лазарев го освои првото место според гласовите на публиката.

Второ, милиони луѓе во директниот пренос може да видат како резултатите од натпреварувањето се коригираат со гласање на идеолошки поткованите „другари“ од „професионалните жирија” на државните ТВ-канали. „Се покажа дека европските чиновници со својата фалена транспарентност и демократија во реалноста се однесуваат во склад со најлошата традиција на советските партиски комесари и уметнички совети“, пишува РуБалтик, додавајќи дека тоа и претходно можело да се насети, но сега според новите правила за објавување на резултатите тоа можеше и да се види јасно.

Авторот исто така наведува дека резултатите од гласањето на жиријата, кога ќе се споредат со гласањето на обичните гледачи, покажуваат  дека „од русофобија страдаат само политичарите, чиновниците и новинарите кои професионално се занимаваат со неа “, а дека на масовно ниво не постои тотална омраза спрема Русија.

Аналитичарот наведува примери на земји кај кои се во исклучителен контраст гласањата на  професионалното жири и гледачите. Тоа се Украина, Германија и Естонија од кои Русија доби 0 поени од жирито, а 12 поени од обичните гледачи, потоа Унгарија, Чешка и Словенија, каде  жирито даде 0 поени, а гледачите 10 поени и Србија, чиј жири му даде на рускиот претставник 1 поен, а гледачите 12 поени. 

„Така што, ако сите во Европа се веќе согласни дека „Евровизија“ не е музичко, туку политичко натпреварување, тогаш Русија во 2016 на ова натпреварување однесе ништо помалку убедлива победа од Украина“, заклучува авторот на статијата.

 године на овом конурсу однела ништа мање убедљиву победу од Украјине”, закључује аутор чланка.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња