Треба да се истакне извесната доверба која граѓаните на западните земји ја имаат спрема информациите кои доаѓаат од Русија, изјави експертот за комуникации и геополитика Франсоа Бернар Уиг во интервју за францускиот портал „Атлантико“. За тоа, според неговото мислење, постојат две главни причини.
Од една страна, Европејците имаат сѐ повеќе недоверба спрема сопствените медиуми, додека, од друга страна, граѓаните на Русија ги следат домашните медиуми и се отворени за информации кои ја величаат Русија. Тоа влева доверба во руската реторика. За тоа придонесува и фактот дека таа има „антисситемски“ карактер, т.е., насочена е против глобализацијата и либерализмот, што ѝ овозможува да добие одредена поддршка, смета стручњакот. Освен тоа, дел од јавноста ги следи руските медиуми, затоа што тие се силата насочена против американскиот империјализам, додава тој.
Што се однесува до средствата кои европските земји ги користат против руската пропаганда, експертот смета дека тие се слабо ефикасни, особено поради тоа што заземаат одредена идеолошка позиција, а не се држат до неутралноста.
„Институциите како што е Европската комисија (...) го застапуваат мислењето дека секој кој што не се придржува до проевропските, провладините и либерални ставови е неизбежно жртва на пропаганда. Малку веројатно е дека ќе постигнат некакви резултати со таквиот став“, изјави Бернар Уиг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче