Во САД може да се појави федерална агенција за борба со пропагандите на Русија и Кина.
Со ваква иницијатива истапи членот на Конгресот на САД Адам Кинцингер. Тој смета дека овие две земји го користат оружјето на пропагандата за да го намалат меѓународното влијание на Америка.
„Русија ја испушта својата дезинформација, поткопувајќи ги интересите на САД во Украина и придонесува за ширење на нестабилноста во редица земји“, изјави конгресменот.
Според неговото мислење, формирањето на агенцијата ќе ѝ даде на земјата „можност да се обезбеди слободен проток на вистинита информација, што понатаму може да спречува конфликти и да ја обезбедува стабилноста во иднина“.
Коавторот на предлогот Тед Лу истакна дека странската пропаганда манипулира со јавното мислење и им штети на интересите на САД. Иницијативата ја поддржаа десетина конгресмени од двете партии, информира „Вашингтон Егзаминер“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче