Путин: Русија ќе пробие секаква блокада

На Крим престанува да важи режимот на вонредна сстојба кој беше воведен на полуостровот во ноември минатата година.

Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на пуштањето во работа на четвртата линија на енергетскиот мост во Крим истакна дека енергетската блокада на полуостровот била надмината во најкраток рој и, доколку е потребно, ќе биде пробиена секаква друга блокада.

„Во најкраток рок успеавме да ја пробиеме енергетската блокада на Крим, искрено кажано, не се сомневам, ако е потребно, секаква друга блокада ќе пробиеме, ако некој  посака да се вежба на нас“, изјави Путин.

Почнувајќи од денес, на Крим престанува да важи режимот на вонредна сстојба кој беше воведен на полуостровот во ноември минатата година, соопштува „ТВ Ѕвезда“. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња