Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на видеомостот ја пушти во работа четвртата линија на енергетскиот мост на Крим, пренесува РИА „Новости“.
„Вкупно повеќе од 800 мегавати електрична енергија ќе протече по енергетскиот мост на Крим. Имајќи го предвид сопственото генерирање тоа е доволно за нормална работа и дури и малку повеќе од потребното во регуларен режим“, изјави Путин во текот на церемонијата пуштањето во работа на енергетскиот мост.
Како што истакна претседателот, оваа енергија е доволна за непрекинато снабдување со електирчна енергија на производствените, инфраструктурните и социјалните установи, како и за издржување на оптоварувањето во текот на летната сезона.
По пуштањето на последната линија на енергетскиот мост властите на полуостровот го укинаа распоредот за исклучување на електричната енергија при итни случаи, кои важеа на Крим и Севастопол од крајот на ноември минатата година, кога, поради поткопување на столбовите сите четири далноводи кои водат на полуостровот од Украина престанаа да бидат функционални.
Рускиот претседател го означи стартот на првата линија на енергетскиот мост во декември минатата година, втората линија, со вкупен капацитет од 400 MW беше пуштена истиот месец. Третата линија – од 200 MW - беше пуштена во работа на 14 април.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче