Телевизијата „Фокс Њуз“ соопшти дека била погубена државјанка на Русија инфилтрирана во редовите на кавкаскиот огранок на ИД, пренесува „Рамблер Њуз Сервис“.
Според информациите на медиумот, агентот на руските специјални служби Елвира Караева, по четири години прикриена работа во група борци на ИД на Кавказ била откриена и убиена. Според информациите на „Фокс Њуз“, Караева им предавала на рускитеспецијални служби информации за нападите што ги подготвувале терористите, становите во кои се среќавале и локациите на базите на борците.
Како резултат на работата на Караева биле ликвидирани најмалку седум членови на групата, а активностите на многу терористите биле поткопани, истакнува „Фокс Њуз“. Меѓу другото, таа, како сопруга на еден од борците, го отрула и својот маж.
Руските специјални служби не го потврдија загинувањето на агентот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче