Путин: Операцијата во Сирија покажа определени проблеми

Претседателот на РФ исто така раскажа дека во текот на операцијата во Сирија се ослободени над 500 населени места, а ВКС Русија реализирале над десет илјади летови и погодиле над 30 илјади цели.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека операцијата во Сирија покажала определени проблеми, пренесува РИА „Новости“.

„Операцијата во Сирија покажа и определени проблеми, недостатоци. За секое проблематично прашање треба да биде извршено најдетално проучување. Мислам на професионално проучување, најдетална анализа, а потоа преземените мерки за отстранување на тие проблеми. Тоа ќе овозможи да се коригира понатамошниот правец на развој и усовршување на примероците на воената техника“, рече Путин отворајќи ја серијата состаноци со воените претставници и раководството на Одбранбено-индустрискиот комплекс.

Претседателот на РФ исто така раскажа дека во текот на операцијата во Сирија се ослободени над 500 населени места, а ВКС Русија реализирале над десет илјади летови и погодиле над 30 илјади цели.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња