Пентагон го заборави Денот на Победата

Портпаролот на Пентагон Питер Кук призна дека заборавил на седумдесет и првата годишнина од победата над фашизмот во Втората светска војна.

Откако портпаролот на Министерството за одбрана на САД на редовниот брифинг во ниту еден момент не го спомена Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, новинарите го потсетија Дејвид Кук за тоа.

„Тоа е важен датум во историјата, благодарам што ме потсетивте. Денес има многу настани и тоа (годишнината) ми избега од списокот. Меѓутоа, видов дека во светот имаше празнувања“, изјави Кук.

Сепак, тој никому не му го честиташе Денот на Победата.

На новинарското прашање за воената Парада во Москва, Кук одговори: „Ништо посебно. Не гледав, но разбирам дека тоа била голема претстава“.  

Во текот на Втората светска војна стотици илјади американски војници се бореа во Европа против фашистичка Германија и нејзините помагачи. Се смета дека во војната загинаа над 400 илјади Американци, од кои многумина ги загубија животите токму во Европа, пишува „Взгљад“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња