Обвинителството на Турција не подигна обвинителен акт против Арпарслан Челик, убиецот на Олег Пешков, рускиот пилот на Су-24 што беше соборен од турското Воено воздухопловство.
Како причина се наведува немањето доволно докази, изјави во понеделникот адвокатот на Челик Мурат Устјундаг.
Во моментов, како што изјави тој, се решава прашањето за подигнување на обвинение поради незаконско носење и поседување на оружје.
„Челик и понатаму се наоѓа во притвор во Турција“, рече Устјундаг, а пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче