МНР Русија: Чудно е одбивањето на Турција да го истражи убиството на Пешков

Турската полиција одби да го истражува убиството на Олег Пешков, пилотот на соборениот во Сирија Су-24.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков го коментираше одбивањето на полицијата на Турција да го истражи убиството на Олег Пешков, пилотот на Су-24, затоа што престапот бил извршен на територијата на Сирија.

„Тоа е повеќе од чуден аргумент“, изјави рускиот дипломат, пренесува РИА „Новости“.  

Исто така, Мешков изрази надеж дека Алпарслан Челик ќе биде строго казнет. Дипломатот потсети на видеото во кое турскиот борец ја презема врз себе одговорноста за загинувањето на рускиот пилот.

Претходно адвокатот на Челик Мурат Устјундаг ја отфрли можноста за испорака на неговиот клиент на Русија. Според неговите зборови, турското законодавство директно забранува такви процедури. Впрочем, додаде Устјундаг, Русија може да стане учесник во процесот во Турција. Ако судот го смета тоа за дозволиво, тогаш Русија ќе може да ги поднесе сите документи кои ќе ги смета за важни, истакна адвокатот.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Кремљ внимателно ја следи работата на турските истражни органи, но прашањето за екстрадиција на Челик на Русија останува отворено.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња