Пратеникот од редовите на Комунистичката партија на РФ Павел Дорохин вчера првпат присуствуваше на главната аудиенција кај папата Франциск на плоштадот Свети Петар.
„Вчера имав можност да присуствувам на генералната аудиенција на папата Франциск на плоштадот Свети Петар. Ме ставија прв во ложата за почесните гости. Мислам дека не беше случајно. Му реков на папата дека за пет дена имаме голем празник – Денот на Победата, му го врачив почесниот медал по повод 70-годишнината од Победата. Му реков дека нашиот народ плати за неа 26 милиони души, го замолив папата да биде заедно со нашиот народ и во знак на солидарност да закачи Георгиевска лента. Тој самиот ја закачи на мантијата и разговорот продолжи“, изјави Дорохин за „РИА Новости“.
Според зборовите на пратеникот, кога тој му се приближил на папата, папата на руски го поздравил со „Христос Воскресе“.
Дорохин исто така му предал на папата копија од знамето на Победата и му се заблагодарил за солидарноста со рускиот народ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче