Скапароти: НАТО се соочува со „заживеана“ Русија

Според новиот командант на силите на НАТО во Европа Кертис Скапароти, НАТО се соочува со „заживеаната Русија која се стреми да се проектира како светска сила“.

НАТО соочено со „заживеаната Русија“ треба да покаже флексибилност и подготвеност за борба, и оперативно да реагира на предизвиците, изјави во средата, 4 мај, новиот командант на Здружените вооружени сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Кертис Скапароти. Неговите зборови ги цитира прес-службата на Пентагон.

Според Скапароти, НАТО се соочува со „заживеаната Русија која се стреми да се проектира како светска сила“. Меѓу другите проблеми за Алијансата тој ги наведе тероризмот и бегалската криза, кои „се предизвикани од нестабилноста во Северна Африка и на Блискиот Исток".

„За решавање на овие проблеми, ние треба да продолжиме да го одржуваме и подобруваме нашето ниво на подготвеност и нашата мобилност, со цел да бидеме во можност да стапиме во борба веднаш, ако не успее политиката на одвраќање“,изјави Скапароти.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња