Претседателот на Русија Владимир Путин му го додели звањето „Херој на Русија“ на поручникот 1 класа Александар Прохоренко, кој херојски загина во текот на операцијата во Сирија, соопшти во понеделникот прес-службата на Кремљ, пренесува РИА „Новости“.
„Претседателот на РФ Владимир Владимирович Путин со својот указ му го додели звањето „Херој на Руската Федерација“ на поручникот 1 класа Прохоренко Александар Александрович (посмртно) за јунаштво и хероизам, покажани при исполнувањето на воениот долг“, се вели во соопштението.
За загинувањето на рускиот офицер Министерството за одбрана на РФ соопшти на 24 март. Како што беше објавено подоцна, поручникот Прохоренко загинал во текот на наведувањето на воздушните напади врз позициите на терористите во близина на Палмира.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче