Обработливата земја во Русија е најевтина специјална стока на светот

Обработливата земја во Русија е најевтина специјална стока на светот „Колку пот, нерви, труд треба да се вложи во руската земја!” Извор: ИТАР-ТАСС.

Обработливата земја во Русија е најевтина специјална стока на светот „Колку пот, нерви, труд треба да се вложи во руската земја!” Извор: ИТАР-ТАСС.

Цената на земјата наменета за обработување во Русија и во странство се најде во рејтинзите направени од аналитичкиот центар „Совекон“.

Највисоки цени на обработливо земјиште во руските региони се забележани во Краснодарскиот крај (1,7 илјади долари за хектар), во Ростовската област (1,3 илјади долари) и во Ставрополскиот крај (1,2 илјади долари). Истовремено во странство цената на ваквото земјиште е неколкупати повисока: во Германија или во Франција достигнува 11,3 илјади долари за хектари, во САД и во Бразил – 9 илјади долари, во Аргентина 7 илјади долари, во источноевропските земји од Европската Унија – 4,5 илјади долари.

„Според оценката на овие податоци, можеме да кажеме дека постојат две новини – лоша и добра, изјави за РБК Daily извршниот директор на „Совекон” Андреј Сизов. Лошата е што во Русија понудата на земја ја надминува побарувачката, а добрата е што се бележи големиот потенцијал за зголемување на нејзината земја“. Според мислењето на експертот, најголем потенцијал има европската територија на Русија. Особено привлечни се јужните делови, бидејќи таму земјоделското производство е ориентирано на извоз и во најголем степен е прилагодено на цените на светскиот пазар.

Како пример за замена може да се посочи зделката за купување 70 илјади хектари во Ростовската област од страна на данската компанија Trigon Agri за сметка на продажба на својата земја во Поволжјето и во Ставропол.

Господинот Сизов парите на западните инвестициски, пензиски и други фондови ги нарекува основен двигател на растот на цените на руската земја. При купувањето на парцелите се оценува оддалеченоста од пристаништето, големината на земјоделското производство што се одгледува на соодветната земја, а исто така и цената на тоа производство по испораката до најблиското пристаниште, односно фондовите пресметуваат каква заработка можат да добијат од еден хектар, појаснува Сизов.

Истовремено дејноста на руските компании засега тешко се забележува. Веројатно тие се опарија на тој пазар во 2007-2008 година, кога купуваа земја во големи обеми, додава експертот. „Тоа беше првата етапа на масовно купување земјоделски банки. И до денес цените од тој период се повисоки од сегашното ниво“, појаснува тој. По кризата од 2008 година пазарот остана без движење, за што придонесе и забраната за извоз на пченица од 2010 година. Некакво раздвижување беше забележано во 2011, но сега нема големи купувачи на земја како претходно.

На пазарот се појави нова тенденција, вели Сизов: препродажба на земја од еден регион за земја во друг со цел оптимизација на бизнисот. Како пример за замена може да се посочи зделката за купување 70 илјади хектари во Ростовската област од страна на данската компанија Trigon Agri за сметка на продажба на својата земја во Поволжјето и во Ставропол.

Во меѓувреме претседателот на агрохолдингот „Амбика“ Михаил Орлов категорично не се согласува со тоа дека руската земја не е ценета: „Не го земаме предвид фактот дека огромно количество земја не се обработува и таа станува шума, едноставно таа никому не му е потребна“. Во Русија покрај вложувањата во производство на пченица, неопходно е да се инвестира и во инфраструктурата за чување на ѓубриво, во опрема и во самото производство. Во целост обемот на дополнителни средства неопходни за развој на земјоделството е многу повисок одошто, да кажеме, во Африка, изјави Орлов. „Колку пот, нерви, труд треба да се вложи во руската земја! Затоа сметам дека таа е многу скапа“, подвлече тој.

Играчите на пазарот обрнуваат внимание и правната страна при трговијата со земја. Процедурата за пререгистрација на земјата во приватна сопственост одзема минимум една година, вели началникот на правниот оддел на „Русмолко“ Роман Никишкин. Тоа е огромна работа за едно приватно лице и, по правило, со ваквиот процес, ако зборуваме за големи парцели земја, се занимава цел одбор правници. По пререгистрацијата на земјата цената ѝ се зголемува неколкукратно, изјавува Никишкин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња