Штајнмаер: Ги потценивме интересите на Русија во Сирија

Германија ги потцени руските интереси во Сирија, призна во интервју за „Ди Велт“ Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер. Москва не само што сака да ги заштити своите воени бази во регионот, туку и да се осигура дека новиот поредок на Блискиот Исток ќе се воспостави со земање предвид на руските интереси, рече министерот за надворешни работи.

„Сирискиот конфликт на самиот почеток не беше исклучително внатрешен“, изјави во интервју за „Ди Велт“ германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер. За состојбата во земјата влијаеја „блиските и подалечните соседи“. Некои регионални сили сѐ уште ги контролираат групите кои се борат во Сирија, додаде тој.

„Воената операција на Москва не само што ја промени ситуацијата „на теренот“, но, исто така, ги влоши противречностите во интересите на Русија и Турција“, изјави Штајнмаер. Ситуацијата се влоши остро по соборувањето на рускиот авион, потсети министерот за надворешни работи: „За неколку часа настана закана дека Русија ќе даде воен одговор. За среќа, тоа не се случи, но оттогаш односите меѓу Анкара и Москва добија многу тензичен карактер“.

„На почетокот, очигледно, ги потценивме руските интереси“, призна Штајнмаер. Кремљ сакаше не само да ги заштити своите воени бази во Медитеранот, туку и да го поддржи Асад, но, исто така, и да се осигура дека новиот поредок на Блискиот Исток ќе биде создаден со земање предвид на руските интереси.

„Москва сака САД да комуницираат со неа на рамна нога“, објаснува министерот. "Најмногу од сè, според мое мислење, ние ја потценивме загриженоста (на Русија) во врска со фактот дека тенденциите кон радикализација на муслиманската заедница можат да стигнат до јужните граници на Русија“, додава Штајнмаер. 

„Русија, секако, не е заинтересирана со децении да спроведува воени операции во Сирија“, убеден е министерот за надворешни работи на Германија. Ова го потврдува и делумното повлекување на ВВС од регионот, рече тој. Покрај тоа, намалувањето на военото присуство е сигнал до сирискиот лидер Башар Асад и властите во Дамаск, изјави Штајнмаер.

„Далеку сме од решавање на конфликтот во Сирија. Нешто постигнавме, но дури и овие достигнувања се кревки. Граѓанската војна трае 5 години, 300 000 луѓе загина во неа. Сега ние треба да се седне на преговарачка маса и да се задржат на неа сите фактори. Тоа се успеа да се направи во Виена во 2015 година. Во февруари годинава во Минхен, се успеа да се постигне договор за примирје и пристап до хуманитарна помош. Сепак обновувањето на борбите во Алепо и Дамаск предизвикува кај нас голема загриженост“, изјавува шефот на германската дипломатија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња