„Ноќните волци“ им оддадоа почит на советските војници во Полска

Моторџиите од клубот „Ноќни волци“ сепак успеаја да им оддадат почит на советските војници во Варшава.

Моторџиите од клубот „Ноќни волци“ сепак успеаја да им оддадат почит на советските војници во Варшава, соопштуваат „Вести“.

Десетици бајкери положија венци на споменикот на Незнајниот јунак и гробовите на војниците кои загинаа во текот на ослободувањето на Полска во Втората светска војна.

Претходно полската гранична служба одби да им овозможи влез на група моторџии од Русија која е дел од дефилето од Москва до Берлин во чест на Денот на Побебата. Варшава оваа одлука ја објасни како „закана за општествениот поредок и државната безбедност“. Притоа во групата имаше само еден Руси, останатите шестмина беа државјани на ЕУ.

Сепак, руските бајкери се собраа во Варшава откако претходно пристигнаа во Полска. Исто така, на групата ѝ се придружија и претставници на европски мото-клубови.

Полската полиција се обиде да натера еден од руските моторџии да го симне знамето на Победата, но неговите полски колеги успеаја да ги разубедат полицајците.

„Вести“ прецизираат дека некои „Ноќни волци“, поради минатогодишното искуство кога во текот на дефилето Москва-Берлин им беа поништени визите, пристигнале авионски во Варшава и изнајмиле мотори.

Жителите на Полска со радост ги пречекувале моторџиите – ги поздравувале со насмевка и на некои дури и им подарувале цвеќе, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња